Митовски бара законски овластувања за да го реши проблемот со добитокот по улиците во Крива Паланка

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и приватните имоти на граѓаните.

На денешната прес-конференција Митовски истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети, додека правосилните и извршни решенија за одземање на животните, кои постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени.

„Не барам да ги заобиколиме институциите или законите. Напротив, барам институциите да создадат услови во кои ќе можеме да постапуваме заеднички, организирано и законски“, рече Митовски.

Тој посочи дека префрлањето на одговорноста меѓу институциите нема да донесе конкретен резултат и повика на координирана акција.

Митовски ја потврди подготвеноста Општината да преземе поголема одговорност и да го води решавањето на проблемот, под услов да бидат обезбедени законските овластувања и постапувањето да се одвива во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ќе решавале големи државни прашања, а не можат ни со кравите и Стојна да се справат

А1он

Повторно приведена мисицата, сопственичка на „славните“ крави од кривопаланечко

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски