Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Од:

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка, посветен на усогласување на заедничките чекори за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот на територијата на општината.

На состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, Ирена Илиевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, претставници на Министерството за внатрешни работи и национален координатор од Владата.

Од Општина Крива Паланка присуствуваа градоначалникот Сашко Митовски, командантот на Општинскиот кризен штаб, како и претседателот на Советот на Општината, Миле Трајковски.

Разговорите беа насочени кон координација на надлежните институции и усогласување на натамошното постапување, заради заштита на безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните.

Разговорите и координацијата продолжуваат и во текот на утрешниот ден, со цел усогласување на заеднички став и утврдување на следните активности. За исходот од разговорите и договорените чекори, граѓаните и јавноста ќе бидат навремено информирани.

Општина Крива Паланка останува посветена на соработката со сите надлежни институции и на конкретно постапување за трајно надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

Крива Паланка поднесe кривични пријави поради неспроведените решенија за одземање на добитокот

А1он

Митовски бара законски овластувања за да го реши проблемот со добитокот по улиците во Крива Паланка

Левица: ДПМНЕ ќе решавале големи државни прашања, а не можат ни со кравите и Стојна да се справат

А1он

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226

Повторно приведена мисицата, сопственичка на „славните“ крави од кривопаланечко