Поради расправија за добиток претепале жена во Дрење, ѝ скршиле скочен зглоб

Од:

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале.

Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.

По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука.

Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази.

Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

Горан Наумовски

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

Крива Паланка поднесe кривични пријави поради неспроведените решенија за одземање на добитокот

А1он