Американецот Кери Колингс од Вашингтон ќе го запамети до крајот на животот 13-ти јуни, бидејќи тој ден имал неверојатна среќа два пати да добие на лотариски лоз!
Шеесет и едногодишниот Колингс најпрво изгребал на инстант грепка 55.000 долари.
Пресреќен поради добивката тргнал накај својот дом, но по пат му паднала на памет луда идеја да купи уште еден лоз. Се шокирал кога видел дека на вториот лоз добил сума од дури 200.000 долари!
Еден дел од добивката Колингс одлучил да го потроши на подмирување на стари долгови, а за остатокот се уште не знае. Вели дека сака прво да се опорави од шокот.