Два концерта на Раде Шербеџија во ноември во МОБ

Од:

„Авалон продукција“ најави два ексклузивни концерта на Раде Шербеџија во Македонската опера и балет на 4-ти и 5 ноември 2017. Во Скопје тој ќе го промовира новиот албум кој треба да излезе во средината на октомври.

– Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, живата легенда Раде Шербеџија ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб. На скопските концерти тој ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и други, соопшти „Авалон“.

Специјални гости на концертот на Шербеџија во МОБ ќе бидат „Гаро и Тавитјан брадрс“ кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а исто така ќе има и други гости кои ќе бидат изненадување.

Влезнците се по цена од 990 денар и се во продажба преку мрежата Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он