Дупки низ кои ви одат парите, а за тоа не сте ни свесни

Од:

Верувате дека сте штедливи, но на крајот на месецот се случува да немате толку пари колку што ви е доволно да подмирите се што ви треба. Причината е можеби во фактот дека наместо да штедите, вие всушност ги фрлате парите. Но, за тоа не сте ни свесни!

Еве како е тоа можно.

Кога некој добро располага со пари обично се вели дека е талентиран за бизнис. Но, располагањето со парите нема некоја голема врска со талентот. Се работи само за вештина која како и сите други можеме да ја научиме. А потоа треба и да се негува. Бидејќи понекогаш кога ни се чини дека сме рационални и тоа како знаеме да потфрлиме. Дека постојат ситуации во кои несвесно фрламе пари во ветер, потврдуваат и следните примери кои ги донесува порталот МојаРабота.

1. Купување на намирници без дигитрон и список

Ако одите да купувате без список и дигитрон може да се случи во корпата да ставите многу повеќе производи од што навистина ви требаат. Така пред да појдете во продавница составите список и не отстапувајте од него. Притоа внимавајте да не претерувате со артиклите кои се на акција.

2. СМС информација за состојба на сметката

Примате инфо за состојбата на сметката по пат на смс или користите други услуги кои не ги користите, а ги плаќате? Погледнете што можете да укинете од тоа и на тој начин да ги намалите трошоците.

3. Купони за работи што не ви требаат

Убаво е да се добијат купони со попусти за одредени артикли, но ако се работи за нешто што не ви треба нема смисла да ги купувате само затоа што сте добиле купон со 10 отсто попуст. Имено, токму тоа е фрлање на пари во ветер. Поради тоа не заборавајте, кога купувате работи кои не ви требаат, не штедите туку трошите повеќе од планираното!

4. Како возите?

Кога ќе се запали зелено светло, вие имате најбрз старт. Нагло сопирате, лесно забрзувате и низ град обожувате да возите со стил? Покрај огромната количина на гориво, вие трошите подеднаква количина на пари. Најлошо од се, тие кои сте ги претекнале на следниот семафор веќе ве стигнале, па тоа е доволна причина да го смените стилот на возење. Покрај тоа, погледнете околу себе, кога е убаво времето можете да возите и велосипед.

5. Купувате стан од погрешни причини

Пред да се одлучите да купите стан, размислете два пати. Ако основна причина ви е решение на станбеното прашање, како и избегнување на давање на пари на газди, сетете се дека идните 30 години и тоа каков газда ќе ви биде банката на која ќе плаќате големи камати. Притоа, киријата на станот лесно може да се откаже, а кредитот од банката не. Во случај ако сепак се одлучите да купите стан, пред тоа добро проучете ги своите финансии, пресметајте ги каматите, земете ги предвид надминатите рокови и евентуалното губење на приходите.

6. Ги кршите правилата

Внимавајте на правилата на кои сте се обврзале. Нивното кршење може скапо да ве чини. Поради тоа почитувајте ги сообраќајните правила, во библиотека на време враќајте ги книгите и на време плаќајте ги сметките.

7. Не користите право на враќање на данок

Имате право на враќање на данокот, но ве мрзи да пополните и да предадете формулар? Ги подарувате своите пари на државата? Многу убаво од вас. Сетете се, колку пати државата ви подарила пари на вас?!

8. Ја трошите енергијата

Внимавајте на потрошеното греење и преземете ги сите потребни мерки за да не фрлате пари во ветер околу затоплувањето. Така на пример, немојте да го ветреете станот, а истовремено да имате вклучено и греење. Исто така штедете на електричната енергија, а немојте ни да дозволувате славините да ви капат.

9. Бидете дисциплинирани, цените ќе паднат

Сите ваши пријатели сакаат најнови смартфони или гаџети, па сакате и вие. Веројатно знаете дека за шест месеци можете да ги купите поевтино? Поради тоа, препуштете ја на пријателите честа нешто да купат први, вие бидете тој што такво нешто купил за помалку пари, пишува Моја Работа.

10. Во ред е…

Сте испиле кафе кое ве чини 80 денари, на келнерот сте му дале 100 денари и не сте земале кусур? Истото сте го направиле во продавница или на пазар. Размислете за својата постапка и обидете се во иднина секој кусур да го земете и да го ставите во касичка. За еден месец ќе се изненадите од сумата која ќе ја соберете. Ситнежот и тоа како може да се претвори во убава сума пари месечно.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ