Дубаи планира да воведе летечки полициски мотори до 2020 година

Од:

Полицијата во Дубаи има намера да воведе летечки мотори до 2020 година, изјави генералниот директор на Одделот за вештечка интелигенција во Дубаи, Халид Насер Алзаруки.

Една година по Калифорнија, компанијата Ховерсурф го претстави својот летечки мотор С-3 2019 на електропогон и на Саемот за технологија во Дубаи, демонстрирајќи дека леталото е одлично за секојдневни потреби. Градските полициски службеници го добија новитетот на подарок.

– Моментно има две екипи во процес на обука, а бројот на учесници од ден на ден само ќе го зголемуваме, изјави Алзаруки.

Сепак, главниот уредник на списанието „Аероспејс“, Тим Робинсон смета дека како полициско возило тоа би било прилично ограничено, главно поради издржливоста на батеријата, која веројатно ќе мора да биде со поголем капацитет.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски