Дубаи: Маж може да се разведе од својата сопруга и по пат на СМС

Од:

Доколку маж на жена и испрати СМС која го содржи зборот „развод“ е доволно за разводот да биде правосилен, налага фетвата на Одделот за исламски работи и добротворни активности во Дубаи.

Арапскиот весник „АИ Итахад“ пренесува дека фетвата дошла како одговор на прашање на еден човек кој сакал да знае дали СМС пораката во која мажот ја информира сопругата за разводот е доволно за разводот да биде валиден според шеријатот.

Поточно, по кавгата неговата сопруга го оставила и заминала во домот на својот татко. Тој отишол во таа куќа и на нејзиниот татко му кажал дека се разведува од неа. Потоа следувала уште една кавга, по која мажот повторно рекол дека се разведува од неа. А потоа, во СМС порака и трет пат и кажал дека се разведува, со оглед на тоа дека шеријатот налага тоа три пати да се изговори.

Било одлучено дека иако прогласувањето развод во време на лутина не важи, ваквата СМС порака може да биде валидна доколку мажот не ја напишал во моментна лутина.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он