Светски познатата пејачка Дуа Липа и официјално стана „Почесен амбасадор на Косово“. Титулата и ја врачи Вјоса Османи, претседателката на Косово.
Таа не ја криеше возбудата за новата титула.
„Вчера попладне нашата госпоѓа претседателка Вјоса Османи ми ја додели титулата почесен амбасадор на Косово. За мене е чест и привилегија што можам да ја претставувам мојата земја во целиот свет и да продолжам со мојата работа и заложби на глобално ниво. Сакам да оставиме белег и да направиме разлика. Младите во Косово го заслужуваат правото на визна либерализација, слобода на патување и големи соништа. Ви благодариме“, напиша Дуа во објавата.