Македонски хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

Од:

Официјалните интернет страници на пејачките со албанско потекло Дуа Липа и Рита Ора се хакирани од македонската група „АнонОпсМКД“.

Анонимните македонски хакери неодамна се појавија во јавноста и застанаа позади нападот на генераторот на вести „Тајм.мк“ на денот на парламентарните избори.

Хакерите преку нивниот профил на Твитер се пофалија дека овојпат цел на нивниот напад биле пејачките кои минативе денови побараа Косово да биде ставено на мапата на „Епл“, а Дуа Липа имаше објавено и мапа на „Голема Албанија“.

Тие сега најавуваат протекување на информации од мејловите на вработените во Министерството за здравство, меѓу кои е и мејлот на министерот Венко Филипче.

Сепак, велат дека ќе објавуваат единствено мејлови во кои според нив има криминална содржина.

Минатата ноќ, од истата хакерска група, нападнати беа сајтовите на Министерството за образование и Министерството за здравство. Сајтовите се уште не се во функција.

Би можело да ве интересира

Хакери ја шпионирале бугарската влада пет години и украле 62 милиони страници

Горан Наумовски

Сајбер-војната се сели во дневните соби: Паметните уреди стануваат нова мета на хакерите

Хакери упаднаа на Полимаркет и украдоа 2,6 милиони долари од сметки на повеќе од 700 луѓе

Катерина Ѓуровски

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Европол разби хакерска група – уапсен тинејџер кој предводеше глобални напади

А1он

Голем сајбер-скандал во Германија: Хакери објавија украдени податоци од Берлин