Рита Ора по стапките на Дуа Липа: Ставете го Косово на мапата

Од:

Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, преку Твитер побара од технолошкиот гигант Епл да го стави Косово на мапата.

Рита се одлучи на овој чекор откако нејзината колешка Дуа Липа објави мапа на „Голема Албанија“ и предизвика лавина од реакции.

Рита Ора, која има 6,7 милиони следбеници на Твитер, објави фотографија на која пишува „Ставете го Косово на мапата“.

Во објавата, прозвани се и пејачките Дафина Зеќири, Ера Истрефи, Дуа Липа и пејачката со македонско потекло Бебе Реџа.

Компанијата Епл одбива да го стави Косово на својата мапа, затоа што се уште не е признаено од неколку држави членки на Обединетите нации.

Пејачката Рита Ора е родена во Приштина, а уште како дете со нејзиното семејство се отселила во Британија.

Интересно за двете пејачки со албанско потекло е што нивните дедовци биле пријатели, а таткото на Липа на неговиот Инстаграм-профил има споделено и нивна заедничка фотографија.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски