Дуа Липа раскина со поранешното момче на Рита Ора

Од:

Дуа Липа (28) раскина со режисерот Ромен Гаврас (42) по осуммесечна романса, пишува The Sun.

Познатата пејачка потврди дека се забавувала со поранешното момче на Рита Ора уште во март кога беа фотографирани како заедно одат дома од ревијата на Сен Лоран на модната недела во Париз.

Дуа и Ромен раскинаа по љубовното лето, рекол изворот на The Sun и додал дека пејачката сака да се фокусира исклучиво на својата музика кога треба да го објави третиот албум.

„Роман ја сметаше Дуа за работохолик“, тврди изворот.

Сега веќе бившиот пар последен пат беа видени минатата недела кога им се придружи братот на Дуа Липа, Џин. Дуа Липа еднаш објасни дека нејзиниот следен албум ќе биде „навистина личен“.

„Тоа се различните чувства и емоции што ги имав кога бев сингл. Исто така, тоа е разбирање. Разбирање што сакате, што ви треба и што заслужувате. Почнува од фазата на разбирање кога сте сингл до потенцијално нова врска“, откри пејачката.

За потсетување, Дуа Липа се прослави со нејзиниот деби албум Dua Lipa и нејзиниот последен албум Future Nostalgia.

Би можело да ве интересира

Објавени фотографии како би изгледале Мадона, Џастин Бибер, Дуа Липа..без методи за подмладување

Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово

Дуа Липа триумфираше на Британските музички награди

Македонски хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

Искра Манојлоска

Рита Ора по стапките на Дуа Липа: Ставете го Косово на мапата

Искра Манојлоска

Дуа Липа по реакциите за твитот со мапа на „Голема Албанија“: Немав намера да поттикнам омраза

Ана Ололовска