Крадец во словачкото село Дравце откако ја ограбил куќата, на домаќините им оставил порака дека кај нив добро се крадело, јави дописникот на МИА од Прага.
На надворешниот ѕид од ќуката, од каде исчезнале предмети вредни 3.600 евра, арамијата напишал: „Добро се крадеше овде! Немаш среќа!” како и неколку вулгарни зборови.
Мештаните сметаат дека крадецот сакал да покаже дека на местото се чувствувал како дома и затоа ја оставил дрската порака.