Канадскиот рапер Дрејк ќе заработи 1.75 милиони долари доколк Лео Меси ја предвои Аргентина до победа над Франција во финалето на Светското првенство.
Поп-ѕвездата, кој честопати уплатува огромни суми на спортски натпреварувања и е познат љубител на фудбалот, уплати 1 милион долари за победа на Аргентина над Франција со потенцијална добивка од 2.75 милиони долари.
Во октомври тој постави облог од 600.000 долари дека Барселона ќе победи на Ел Класико и дека Арсенал ќе ги совлада Лидс во Премиерлигата. „Топчиите“ не го разочараа, но Барса загуби со 3:1 од Реал Мадрид. Исто така на Интернет се зборува за таканаречената „клетва на Дрејк“ – феномен според кој спортистите доживуваат лоша среќа доколку се поврзуваат со Дрејк.