Од датумот на раѓање можете да го дознаете вашиот број, кој ја опишува вашата личност, одредува во што сте добри и за што сте талентирани, но и нагласува што треба да промените.
За да откриете кој е вашиот број, соберете ги броевите на вашиот датум на раѓање, се додека не добиете само една цифра. Тоа е вашиот број.
Еве еден пример за пресметување броевите за лице родено на 20 март 1980 година, чиј број е 5:
20 + 3 + 1980 = 2003
2 + 0 + 0 + 3 = 5
Пресметајте го вашиот датум на раѓање и дознајте што зборува тој за вас.
Број 1 – Двигател
Вие сте секогаш оригинални, а донесување на нови идеи и нивно извршување ви е во природата. Многу ве доживуваат како тврдоглави и арогантни, бидејќи секогаш се стремите да биде како што ќе кажете вие. Сакате да преземате иницијатива и да бидете најдобри, а идеални работни места за вас се тие за лидери и шефови, односно да сте сам свој шеф. Совет: Бидете отворен ум и имајте предвид дека идеите на другите луѓе понекогаш се добари или подобри од вашите.
Познати личности „единици” се: Том Хенкс, Роберт Редфорд, Ненси Реган, Ракел Велч…
Број 2 – Миротворец
Вие сте роден дипломат. Свесни сте за туѓите потреби и чувства и попрво мислите на другите, отколку на вас. Аналитички сте и многу интуитивни и не ви се допаѓа осаменоста. Пријателство и друштвото ви се многу важни и можат да ве поттикнат да бидете успешни, но од друга страна попрво би биле сами, отколку во љубовна врска во која не можете да бидете сосема сами. Совет: природно сте срамежливи и треба да работите на подигнување на самодовербата и да учите слободно да се изразите во секоја ситуација.
Познати личности „двојки”: Бил Клинтон, Мадона, Вупи Голдберг, Томас Едисон, Волфганг Амадеус Моцарт…
Број 3 – Идеалист
Вие сте идеалист, креативни, социјални, шармантни, романтични и опуштени. Често започнувате нешто, но не го спроведувате до крај. Сакате кога луѓето околу вас се среќни и ќе дадете се од себе за да им помогне во тоа, поради што сте омилени во друштво. Совет: научете да го гледате светот и животот малку пореално.
Познати личности „тројка”: Бил Козби, Мелани Грифит, Салвадор Дали, Џоди Фостер…
Број 4 – Конзервативец
Чувствителни сте и традиционални и сакате ред и рутина. Дејствувате само кога целосно ќе разберете што се очекува од вас. Не се плашите од напорна работа. Сакате времето да го трошите надвор затоа што чувствувате силна поврзаност со природата. Не ви е тешко да чекате, затоа што сте тврдоглави и упорни. Совет: бидете пофлексибилни и помалку строги кон себе.
Познатиоти „четворки”: Нил Дајмонд, Маргарет Тачер, Арнолд Шварценегер, Тина Тарнер, Опра Винфри…
Број 5 – Некомформист
Вие сте истражувач, а вашата љубопитност, страст за ризик и ентузијазам често ве доведува во несреќна ситуација. Потребна ви е разновидност и ви се гади од рутина. Полни сте со прашања, а целиот свет за вас е училиште и сметате дека од секоја ситуација може нешто да се научи. Совет: понекогаш е потребно да размислите пред да дејствувате и да бидете запознати со сите факти пред да избрзувате со носење заклучок.
Познати „петки”: Абрахам Линколн, Винсент ван Гог, Бет Мидлер, Хелен Келер…
Број 6 – Романтичар
Вие сте идеалист, а да бидете среќни, треба да се чувствувате корисни. Имате силна потреба да се грижите за другите и да им помогнете. Поврзаноста со вашето семејство ви е многу важна. Многу сте лојални, а учителската работа е создадена за вас. Сакате уметност и музика. Вие сте верен пријател и сериозно ги разбирате пријателствата. Совет: научете да разликувате што можете да промените и што не можете.
Познати „шестки“: Алберт Ајнштајн, Џејн Сејмур, Мерил Стрип, Кристофер Колумбо, Голди Хоун
Број 7 – Интелектуалец
Вие сте трагач кој е во постојана потрага по скриени информации и секогаш сакаат да проникнете во длабочината на сето она што ве опкружува. Чувствата не управуваат со вашите одлуки. Во животот сѐ преиспитувате, а не сакате кога другите ве прашуваат. Никогаш не брзате, вашето мото е дека со побавно и сталожено дејствување ќе дојдете први до целта. Ве интересира технологија и успешни сте во истражувачки занимања. Сакате тајни. Совет: живеете во свој свет, но треба да научите што е прифатливо и за светот кој ве опкружува.
Познати „седмици”: Вилијам Шекспир, Мајкл Џексон, Џоан Баез, принцезата Дијана…
Број 8 – Главен „лик”
Мајстор сте за решавање на проблеми, професионални, понекогаш немилосрдни, добро ги проценувате работите и одлучни сте. Имате големи планови и сакате да живеете добро. Сакате да имате контрола над другите луѓе, а сите луѓе ги гледате објективно. На другите јасно им давате до знаење дека сте главни. Совет: бидете опуштени и сузбијте ја потребата за контрола на луѓето околу вас..
Познати „осмици“: Барбра Стрејсенд, Џорџ Харисон, Џејн Фонда, Пабло Пикасо, Арета Френклин…
Број 9 – Забавувач
Вие сте роден забавувач, грижливи сте и дарежливи, подготвени да ги дадете и последните пари за да помогнете. Неодоливо сте шармантни и лесно наоѓате пријатели, вам никој не ви е странец. Имате толку многу различни карактеристики, што понекогаш на луѓето им е тешко да ве сфатат. Како камелеон сте, постојано се менувате за да се вклопите во секоја околина. Љубовта е ваш предуслов за успех во животот. Совет: не мора постојано да се менувате и да се прилагодувате на другите за да им бидете мили на луѓето.
Познати „деветки”: Ширли Меклејн, Харисон Форд, Џими Картер, Елвис Присли…