ЏИШ – ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ

Од:

Шоу налик на мозаик кое ќе биде подготвено против сите правила и ќе понуди провокативни содржини, го најави Игор Џамбазов своето ново шоу на МТВ, кое треба да почне да се прикажува од оваа недела во терминот од 20:20 часот.

– Штом веќе ни дадоа слобода во МТВ најголемиот шоумен да добие свое шоу тогаш ќе се обидеме тоа да го искористиме. Тоа ќе го направиме со тоа што ќе работиме контра сите правила по кои досега е работено, не заради тоа што сакаме да се правиме паметни туку заради тоа што сме сфатиле дека досега како што е правено не било добро и ќе се согласите дека Македонија не памети ниту едно квалитетно, вистинско ТВ – шоу, зашто денес за ТВ шоу се сметаат и два жолти двоседа и троседа на кои ги канат гостите кои вчера биле на друга телевизија. Ние ќе направиме нешто сосема друго, во ова шоу нема зборување, туку делување и гости ќе бидат само оние од Македонија кои се мултиталентирани, а такви, за среќа, ги има многу, рече Џамбазов за шоуто.

Покрај промоција на нови македонски ѕвезди, новина што ќе ја понуди оваа програма е  и антологија на македонската поезија, која, вели, со години е маргинализирана, не само од медиумите, туку и од колегите кои ја говореле од ракав за потребите на хонорарот. Во првите три емисии гостуваат Калиопи, Тамара и Тони Михајловски, а во иднина не исклучува и гости од Балканот.

Директорот на МРТВ Марјан Цветковски ЏИШ го најави како квалитетна 50-минутна програма, која рече е дел од заложбите на раководството за враќање на сопствената продукција и правење квалитетни проекти.

Бојан Трифуновски, косценарист и режисер на шоуто, истакна дека секое шоу ќе биде тематско и различно едно од друго. Љупчо Тодоровски – Упа од продуцентската куќа „Видик“  рече дека се одлучил да работи на копродукцијата на шоуто бидејќи бил привлечен од преродбата во МРТВ, но и од значењето и името на националната телевизиска куќа и на Џамбазов како шоумен.

За музиката е задолжен Игор Атанасовски – Харе, кој истакна дека ќе бидат понудени нови оригинални материјали, но и кавер песни или обработка на стари хитови, а по една нумера ќе се изведува во живо во студиото со некогашниот бенд на Тоше.

Шоуто ќе се прикажува до јуни, летото ќе се репризираат најдобрите емисии, а од септември се најавува и можност за продолжување со шоуто.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов