Во текот на ноќта, за време на полицискиот час, дива свиња се прошетала на плоштадот „Аристотел“ во центарот на Солун, а нејзиното дрско прекршување на заштитните мерки против ширењето на коронавирусот беше забележано на снимка која се споделува на социјалните мрежи.
„Прошетката“ на дивата свиња ја снимил полицаец кој бил на служба, тој го објави видеото со коментар дека се наоѓа пред полициската станица на централниот солунски плоштад.
Според медиумите од Солун, дивата свиња веројатно од шумата Сеих Су, што се наоѓа во северниот дел на градот, во потрага по храна и непречена од никого, стигнала до плоштадот „Аристотел“.
И во текот на минатиот месец имало случаи на диви свињи да се забележат во источниот дел на градот, но ова е првпат тие да стигнат во строгиот центар.