Другарки од Велика Британија уловиле огромна туна со сина опашка додека веслале во кајак. Оваа риба, позната како Блуфин, тешка е над 150 килограми, а нејзината вредност се проценува на околу 1,4 милиони евра.
Петте девојки ја забележале џиновската риба како мртва плута по морето. Успеале да ја префрлат на својот кајак и одвеслале до брегот.
– Во почетокот не можев да верувам, рече Клер Валерстеин, волонтерка во здружението „Cornwall Wildfire Trust“ и додаде дека во прв момент и било јавено дека мртов делфин лежи на плажата.
– Кога стасав на плажата, видов дека девојките држат нешто големо во рацете, но набрзо сфатив дека станува збор за тука, објаснува таа.
Но, иако е утврдено дека рибата е во совршена состојба и може да се јаде, девојките нема да добијат никаков паричен надомест, бидејќи овој вид, согласно стандардите на ЕУ, е заштитена и не може да се продава.