Петгодишно момче од Мичиген се појави на суд каде што е оддржано рочиштето за посвојување од неговите идни родители со необична публика. Мајкл ги повика другарите од градинка да го прослават денот кога конечно доби семејство.
Децата држеа црвени срца во рацете во знак на поддршка. Рочиштето кое што беше одржано во четвртокот ја заврши едногодишната процедура и борба на брачниот пар да го посвојат момчето.
Таткото на Мајкл, Дејвид Итон за Си-Ен-Ен рече дека најдрагиот дел му бил кога судијата ги прашал сите во судницата да објаснат што им значи Мајкл.
Одговорите на децата беа искрени и од срце: Мајкл ми е најдобар пријател, рекоа голем дел од нив. Многумина рекоа дека го сакаат Мајкл, објасни Итон.
Судијата рече дека тоа било првпат во судот на рочиште да присуствува цело одделение.
Идејата за ваква прослава била на учителката која организирала се.
Итон и неговарата сопруга Андреа Мелвин одлучија да посвојат дете пред неколку години. Поминали низ строгиот процес за да добијат одобрување, 36 часа предавања и долги месеци чекање. Минатиот август во телефонски разговор им било кажано дека има момче на кое итно му е потребен дом. Еден час подоцна веќе биле во автомобилот на пат кон социјалната служба.
Од таму им кажале дека момчето е енергично, сака да спортува и сака да шета.
Се родила љубов на прв поглед.
Брачниот пар кажа дека се пресреќни што конечно можат да го однесат Мајкл дома и легално-правно да го нарекуваат нивен син.