Делфините кои се изгубиле ја повикуваат мајката по „име“

Од:

Оној со кој делфините во океанот сакаат да се најдат, го довикуваат по име, покажа едно истражување.

Овие многу интелегентни и социјални суштества се познати по тоа што го користат нивниот специфичен звук како свиркање за да се претстават еден на друг.

Експертите покажаа дека младенчињата разделени од нивните мајки  го имитира нејзиното кусо и остро свиркање, за што се претпоставува дека е начин на кој се обидува да се спои со неа. Машките делфини користат ист метод за да го пронајдат својот најдобар пријател.

Истражувачите од Сент Андервс универзитетот анализирале снимки на делфини од Флорида кои периодично се фаќани заради здравствени проверки. Во текот на контролата, животните можеле нормално да слушаат, но не и да се видат едни со други.

Два делфини, пријатели кои биле одвоени, се обидувале меѓусебно да се повикаат препознавајќи го звукот на оној другиот.

Исто се случило и со мајките и младенчињата.

– Интересно е тоа дека препознавањето на свирката е откриено само кај двојки на животни како мајки и младенчиња и машки делфини кои подолг период се дружат. Тоа го прават кога од некоја причина ќе бидат разделени и се обидуваат да се пронајдат, рече истражувачката Стефани Кинг.

Делфините исто така комуницираат по пат на говорот на телото, можат да научат да ги разбираат основните елементи на човековиот јазик, а можат дури и да гледаат телевизија и да следат упатства од неа.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он