Дејвид Филипс е апсолутниот крал на бесплатното летање

Од:

Професорот на Универзитетот Дејвис во Калифорнија, Дејвид Филипс е апсолутен крал на бесплатниот воздухопловен превоз. Како некој кој секогаш го чита целиот текст со ситни букви на секој договор и понуда, во 1999 година откри понуда која му овозможи до крајот на животот бесплатно да патува со авионит. Но за да дојде до тоа, Филипс и неговото семејство морале прво да изедат многу пудинзи од чоколада.

Се почна со промотивната акција на трговската марка Хелти Чоис (Healthy Choice) која нудела 500 наградни воздухопловни милји за секои десет баркодови симнати од нивните производи, а во првиот месец од понудата би добиле и дополнители 599.

Филипс потоа детално го истражил  Halthy Choise производите и дознал дека во еден трговски синџир продаваат чоколадни пудинзи на намаление – само 25 центи парче.

Седнал во својот автомобил и ги поминал сите продавници на тој синџир во еден ден и ги купил сите Healthy Choice чоколадни пудинзи кои ги затекнал. Вкупно набавил 12.150 чашки за 3.037 долари. Кога го прашале зошто му се толку пудинзи, рекол дека се подготвува за крајот на светот во 2000 година.

Но, потоа следувал потешкот дел од работата. Требало да се скинат баркодовите од секој пудинг. Неговата жена добила плускавци на рацете, а на целото семјство им се слошило од количината на чоколадниот пудинг која ја јаделе. Набрзо сфатил дека нема да стигне да ги испрати сите баркодови на време за да добие двоен износ од наградните милји.

Снаодливиот Филипс најде решение и за тој проблем. Се обратил до Војската за спас, и понудил да им го донира целиот пудинг ако за возврат нивните волонтери му помогнат да ги собере сите баркодови. Тој план имал и неочекувана предност – неговата донација се броела како добротворна и добил 800 долари поврат на данокот на сметка на донираните пудинзи.

На крајот, вкупно собрал повеќе од милион наградни милиа со што стана доживотен член на American Airlines Advantage Gold club кој дава голем број предности на летови. Билетите за летови ги добива бесплатно или ги купува за многу ниска цена, а воздухоплвните милји ги собира и понатаму, пат пати побрзо отколу што ги троши, благодарејќи на тоа што секогаш ги следи актуелните понуди и акции кои и понатаму вешто ги искористува.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ