Британката со нигериско потекло, Кетрин Хејворт, на свет донела момче со бел тен, зелени очи и светлоруса коса.
Гордата 32-годишна мајка изјавила дека бабицата била зачудена кога се родил малиот Џон, пренесе весникот „Сандеј мирор“.
– Ме погледа, а потоа го погледа и Џон и не можеше да им верува на своите очи, додаде Кетрин, која и самата била изненадена што нејзиното синче е целосно бело.
И таткото на бебето бил зачуден. Ричард, кој иако е белец, не очекувал да добе бел син.
Според пишувањето на лондонскиот весник, Кетрин имала посебен ген, чии шанси да се активираат се многу мали.
Сличен случај имало во 2010 година со Нмачаије Ихегбор, на кого и двајцата родители му биле црнци. Девет години подоцна меѓурасната двојка Кајл Хоџсон и Реми Хордер добиле близнаци, од кои едното дете било бело,а второто црно.