Според пишувањето на лондонски „Телеграф“, сите главни ликови од култната серија „Црна Гуја“ (Blakader), Џорџ и Болдрик, odnosno нивните вистински имењаци, се бореле со непријателот во рововите во текот на Големата војна. Во последната, четвртта сезона, дејствието на хит-серијата на Би-Би-Си е сместено на фронтот за време на Првата светска војна, а Црна Гуја е капетан во британската војска.
Неомана беше откриено дека ликовите, кои ги создадоа Ричард Кертис, Руан Аткинсон и Бен Елтон, навистина постоеле и дека учествувале во судирот.
Имено, по повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна еден воен генеалошки сајт ја „ископа“ приказната за вистинскиот капетан Роберт Блакадер, регрутот Џејмс Болдрик, поручникот Ателстан Џорџ и капетанот Џон Дарлинг.
А фиктивните јунаци кои во серијата ги толкуваа Руан Аткинсон, Тони Робинсон, Хју Лори и Тим Мекинер имаа мала сличност со нивните имењаци од Првата светска војна.
Освен што делеле исто презиме и чин, сите се бореле во рововите. Вистинскиот Црна Гуја во 1916 година учествувал во борбите на Соми, а во 1918 година бил одликуван со Воен крст. Ја преживеал војната и починал во 1968 година на 84-годишна возраст.
Војникот Болдрик загинал на фронтот во октомври 1914 година, непосредно откако наполнил 24 години.
Вистинскиот капетан Дарлинг имал примерна воена кариера, а починал во 1933 година на 45-годишна возраст, додека поручникот Џорџ загинал во септември 1914 година во битката кај Марни.
Серијата „Црна Гуја“ на британската телевизија се прикажуваше од 1983 до 1989 година. Секоја од четирите сезони се занимаваше со одреден историски период – среден век (сезона 1), елизабетанска ера (2), регентскиот период (3) и Првата светска војна (4), а Црни Гуја секогаш беше реинкарнација од оној претходниот.