Чесите најголеми „пивопијци“ во светот

Од:

Иако во Кина се пие најголемо количество на пиво, сепак жителите на европските земји се во водство според испиено пиво по глава на жител.

Во Чешка, која е позната по многу добри пива, се пијат најголеми количества од овој пијалак по глава на жител во целиот свет. Така еден просечен Чех во текот на годината пие по 143 литри пиво.

Во Германија, каде се одржува популарниот фестивал на пивото „Октоберфест“, само во текот на еден месец се пијат 6,4 милиони литри пиво. Германците пијат по 110 литри по глава на жител.

Интересено е што седум од десетте држави со најбрз раст на продажба на пиво, се исламски.

Еве ги земјите со најголем просек на конзумирање на пиво по глава на жител (вкупната потрошувачка дадена е во заградата):

1. Чешка: 143 литри (1,5 милијарди литри)

2. Германија: 110 литри (8,9 милијарди литри)

3. Австрија: 108 литри (920 милиони литри)

4. Естонија: 104 литри (135 milioni литри)

5. Полска: 100 литри (3,8 милиарди литри)

6. Ирска: 93 литри (430 милиони литри)

7. Романија: 90 литри (1,8 милијарди литри)

8. Литванија: 89 литри (260 милиони литри)

9. Хрватска: 82 литри (346 милиони литри)

10. Белгија: 81 литар (900 милиони литри).

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски