Церемониите на развод на бракот се популарни

Од:

За голем број луѓе разводот на брак не е нешто што се слави и одбележува.

Меѓутоа, ширум светот луѓето се почесто изнаоѓаат начини како да го одбележат крајот на својот брак. Од религиски ритуали кои изгледаат како венчавање, па до традиција, која вклучува тоалет, ова се некои од најинтересните обичаи во светот.

Во храмот Мантокуџи во Јапонија посетителите можат да се ослободат од лошата карма после разводот така што ги пишуваат своите желби на хартија, а потоа ги фрлаат во WC шољата и пуштаат вода. Храмот некогаш бил засолниште за жените кои бегале од лошите бракови.

Германскиот бискуп Маргот Каешман во 2000-та одина побара сите цркви да воведат религиска цеременоја за оние кои поминуваат низ развод на бракот. Неговиот предлог беше „миса на жалење“, каде пријателите и семејството на брачната двојка се собираат и слушаат објаснувања од двојката за разводот на бракот.

Церемониите за развод на бракот последните години станаа многу популарни, а се состојат од големи собири каде присуствуваат семејството и пријателите, па до симболично фрлање на прстенот во река.

Церемонијата на развод во Јапонија чини околу 690 долари, а вклучуваат вечера за сите присутни и симболично кршење на вечалните прстени со чекан.

Припадниците на народот Јинг, едно од етничките малцинства во Кина, мораат да потпишат сертификат за развод. Сертификатот не смее да се потпише во куќата каде што живееле, а кога ќе се заврши потпишувањето, пенкалото со кое тоа е направено мораат да го фрлат, затоа што сметаат дека тоа носи лоша среќа.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он