Цената на куклите Барби зависи од нивното „занимање“, со оглед на тоа дека најскапи се Барбиките лекарки или инженери по информатика, а најевтини Барби – чувари во зоолошка градина или волшебнички.
Економистот од Чикашкиот универзитет Метју Нотовиџиџо за списанието „Слејт“ објасни зошто цената на Барбиките се разликува и по 10 долари за парче и тоа не во зависност од придружните елементи кои одат со куклата.
Куклите Барби со добро платени занимања чинат во просек по 10 долари повеќе на американскиот пазар во однос на оние кои не се баш перспективни, бидејќи родителите сметаат дека изборот на играчката може да влијае на професионалната оријентација на нивното дете, објаснува експертот.
Поради тоа, родителите се подготвени за Барбика палентолог, инженер по информатика или лекар да платат 24 долари за парче, што е 10 долари повеќе од Барбиката – чувар.