Неодамнешното истражување во Велика Британија открива дека „татко“ е на 10-то место на листата на најбарани подароци од Дедо Мраз.
Според пишувањето на лондонскиот „Телеграф“, многу деца се подготвени да заборават на најновиот iPad, играчки, слатки или миленичиња за само да имаат татко кој ќе се грижи за нив.
Прво место на листата на најбарани подароци, истотака, би можело да биде големо изненадување за многу родиели бидејќи бидејќи на него се наоѓа брат или сестра.
На второто местое вистински ирвас, а на трето жив коњ, додека на четвртото и некако неочекувано е автомобил.
Истражувањето, кое ги опфатило децата од 4 до 12 години, покажало дека децата највеќе бараат и куче (5), чоколадо (6) и лижавче (7).
На осмо место е снег, а на девето куќа
Помеѓу 50-те најбарани подароци од Дедо Мраз, 17 се однесуваат на домашни миленичиња и други животни – магариња, пилиња, па дури и слон.
Оние со нај бујна фантазија посакуваат месечина, машина за патување низ времто или…цвекло. Едно дете ја барало Ева Лонгорија.
„Мајка“ како подарок за Божиќ е дури на 23-тото место на листата.