Рекламата на чешката пиварница „Бернард“, во која околу една чаша со пиво танцува полуголе црномуреста девојка, предизвика критики на интернет, јави дописникот на МИА од Прага.
Дел од Чесите ваквиот рекламен постер за црното пиво, го оценија како „сексистички и расистички“ и на социјалните мрежи формираа групи за бојкот на пиварницата.
И покрај критиките, пиварницата соопшти дека останува на својата реклама.
– Рекламата дефинитивно не е расистичка и сексистичка и воопшто не е поврзана со актуелната трагична ситуација во светот. Рекламата ја користиме веќе две години, а овој ретро стил е познат веќе 80 години и се користи од големите компании, вели во својата реакција пиварницата, додавајќи дека се извинуваат ако некој се почуствивал навреден.