Џастин Једилика познат е како човечки Кен, кој извршил голем број операции за да потсетува на оваа популарна кукла. дека на операциите им нека крај сведочи и неговата последна одлука, која можеше да го чини сериозни последици по животот.
Живиот Кен неодамна беше подложен на уште една операција за повеќе да личи на вистинскиот Кен, па тој се одлучил на многу опасна постапка, остранување на вени од челото. Со оваа операција човечкиот Кен ризикувал да остане слеп за цел живот.
– Бидејќи сум перфекционист секогаш наоѓам на себе некој детал кој би можел да се дотера и поправи. Неодамна отстранив три вени од челото кои секогаш кога се смеев се појавуваа на моето лице. Ги викав Џулија Робертс вени. Постоеше можност да останам слеп по оваа операција. Иако голем број хирурзи ме одбија, еден се согласи и операцијата помина успешно, рече Кен кој неодамна го оперирал и грбот, за да се доближи до градбата на Кен.
– Сакав да изгледам како да имам крила на грбот. Тоа се имплантати кои мојот физикус го приближија на атлетската градба на Кен.
Иако до сега имал голем број операции, човечкиот Кен вели дека не планира да застане.
– Се уште пред мене е долг пат, кога ќе можам да кажам дека сум сто отсто пластичен. Планирам да вградам имплантати во абдоменот и уште многу други работи.