Бебе родено во метро доби доживотна бесплатна карта

Од:

Едно бебе е родено на станица на подземна железница во Мексико Сити, а меѓу првите подароци кои ги добило е доживотно бесплатно возење со метро.

Мајката на новороденчето вчера тргнала со подземната железница до болница, кога ненадејно започнале контракции.

Дваесет и двегодишната жена се породила на влезот на една станица, а во тоа, покрај лекарите на итна помош, и помогнале и вработените во метрото и полицијата.

Штом ја слушнал веста, градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Мансера веднаш на својот профил на Твитер напишал дека малото момче, кое се уште нема име, ќе има право да се вози со метро цел живот бесплатно.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ