Баба Ванѓа за 2019 година предвидува економски колапс и напад врз еден светски лидер

Од:

Слепата јасновитка Баба Ванѓа, чии следбеници тврдат дека таа точно го предвидела нападот на 11 септември во Њујорк, растот на Исламска држава, цунамито во Индонезија во 2004 година, па и Брегзит, предвидела дека во 2018 година ќе се случат два настани кои ќе го променат светот.

Баба Ванѓа која е родена во Струмица, а почина во 1996 година, има предвидувања за наредните векови, се до 51. век, кога според нејзините визии ќе се случи крајот на светот.

За 2019 година таа предвидува економски колапс во Европа и обид за атентат на Владимир Путин.

Таа верувала дека заканата за Путин доаѓа од неговиот безбедносен тим, но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре.

Јасновитката предвидува огромно цунами, слично на тоа од 2004 година, како и метеор кој ќе падне во Русија.

Според нејзините предвидувања, Доналд Трамп ќе се разболи од мистериозна болст, поради што ќе оглуви, а ќе пати и од пореметувања на мозокот.

Следбениците на Баба Ванѓа веруваат дека таа имала паранормални способности, како телепатија и комуникација со вонземјани.

Според експертите кои ги истражувале нејзините предвидувања, се исполниле 68% од пророштвата.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

ВИДЕО: Научникот што го предвиде земјотресот во Турција, алармирал и за Хрватска

А1он

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа