Глорија Мекензи, 84-годишна жена од Зефирхилс, мало место на Флорида, е добитник на рекордниот џекпот од 370,8 милиони долари на популарната Паурбол лотарија, јавија претставниците на лотаријата на Флорида.
Мекензи всушност освои дури 590,5 милиони долари, но одлучи добивката да ја подигне веднаш наместо шреку 30-годишни рати, така што сумата за исплата е намалена на нешто помалку од 371 милиони.
Лотаријата објави дека Мекензи купила добитно ливче за два долари на 18 мај во еден супермакет и со тоа стана најголема поединечна добитничка на лотарија во историјата на САД.
Најголемиот џек пот во американската историја е извлечен минатата година во висина на 856 милиони долари, но тој износ го поделија добитниците од Мериленд, Канзас и Илиноис.
Паурбол лотаријата на добитниците им дава можност парите да ги земат на повеќегодишни рати или веднаш, намален за даночниот износ.