Автобуси за мамурни луѓе хит во светот

Од:

Заборавете на кафе, аспирин и мрсен појадок. Најдобар начин за надминување на мамурното утро е да се качите во автобус за мамурлаци, пренесува босанско-херцеговскиот портал Кликс.

Меѓутоа, за да се возите со оваа подвижна амбуланта, морате да бидете во Њујорк и да имате доволно финансиски средства да си дозволите инфузија за закрепнување.

„The Hangover Club“ обезбедува единствен коктел минерали и витамини кои „ќе во овозможат олеснување за  само 30 минути“, аи  нудат домашни посети.

Медицинските сестри на оние кои претходната ноќ претерале со алкохол им дават течност збогатена со електролити во три варијанти.

За 165 долари добивате пакет „Класик“ кој го хидрира организмот, ќе ги даде потребните електролити и лек против мачнини или болки.

„Супер“ освен тоа, дава и дополнителна енергија благодарејќи на витаминот Б комплекс за 25 долари повисоката цена, додека „Мега“ претставува „целосен пакет“ со течен магнезиум и високи дози на витамин Ц по цена од 270 долари.

Трендот за давање услуги за мамурни луѓе, започна откако лекарите низ цела Америка почнаа да одат во домашни посети кај мамурни лица да им даваат инфузии.

Скратување на мамурлакот стана толку многу популарно, што е отворена е и такси служба каде мамурните клиенти се опоравуваат додека се на пат кон работното место.

Сепак, некои лекари истакнуваат дека од таквото „лекување“ нема штета, но ни корист и дека инфузијата за мамурни луѓе е подеднакво ефикасна како и пилешката супа.

Од друга страна, некои истакнуваат дека премногу течности во организмот можат да бидат опасни и дека витаминската инфузија може да ги оштети бубрезите и црниот дроб, ако организмот на пациентот не е способен да ги преработи вишокот на минерали.

Можеби најпроблематичниот елемент е тоа што овој тренд го поддржува ставот дека е можно да се пие многу алкохол без какви било  последици.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ