Една од најголемите атракции на главниот град на Камбоџа, Пном Пен, 54-годишната слоница Самбо денеска со молитви на будистички свештеници и огромна маса љубопитни граѓани беше пуштена да го продолжи својот живот во џунглата.
Оваа слоница од далечната 1980 година беше издресирана да служи како превозно средство и туристичка атракција. Пред две години Самбо имала тешка инфекција на табаните, па по успешното лекување сега е во заслужена пензија.
Во југоисточна Азија слоновите служат за пренос на товар и луѓе, но ретки се оние слонови чии сопственици ги обучиле за „такси сервис“.