Априлијада „Скопје се смее“

Од:

Голема детска журка „Априлијада 2017-Скопје се смее“ по повод 1 Април – Денот на шегата денеска во 11 часот ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ за децата од сите градинки, училишта и деца од градот Скопје и од околината.

Маскираните принцови, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

По повод 1 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава отвори конкурси за основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им бидат доделени награди и дипломи.

Манифестацијата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и на град Скопје.

На плоштадот „Македонија“ забава ќе биде организирана и вечер во 20 часот, кога ќе настапат Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. За крај е предвиден и настап на диџеј.

Во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.

Денот на шегата, 1 Април, ќе се одбележи во „Веро центар“ со детската претстава „Шумски маскенбал“, која во 11 часот ќе се изведува во големиот хол на центарот, по што ќе се одржи и едночасовна креативна работилница за деца на која тие ќе изработуваат куклички за на рака од чорапи, хартија и други додатоци со помош на неколку ментори, со кои подоцна ќе подготват и кратка претстава.

По завршувањето на креативната работилница, забавата ќе се префрли во детското катче за изработка на шарени и весели маски, каде што децата ќе можат да ја покажат својата креативност и фантазија.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

„Априлијада – Скопје се смее“

Од:

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје в понеделник во 11 часот на плоштадот „Македонија“ организираат забава „Априлијада – Скопје се смее“ за децата од сите училишта и градинки од главниот град.

Децата ќе дефилираат под маски, а предвидени се песни, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Ноќната забава ќе почне од 21 часот на плоштадот „Македонија“, каде ќе настапат Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона  Поповска, Мустафа Имери, „Ребис“ и диџеј Бабура. Раководители на забавата ќе бидат Марија Петровска  и Кирил Поп Христов.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Се одбележува Денот на шегата

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on