Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Од:

Од утринава во Скопје врне снег, а според прогнозата на синоптичарите денеска во главниот град ќе има повремени врнежи од дожд и снег и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде максимум до шестиот степен.

Снег врне и во останатите делови од државата, а според утринските информации од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 29 сантиметри по што следуваат Маврови Анови со седум сантиметри и Крива Паланка со еден сантиметар.

Од утре веќе се очекува намалување на облачноста, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег