Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Од:

Во две средношколки, удрил мотор на тротоар, поточно на велосипедска патека во населбата Аеродром во Скопје. Двете девојки, едната 15, а другата 16 години биле силно удрени од моторот од задна страна, кој бил управуван од две момчиња на млада возраст. Откако се случило тоа, еден од нив се симнал и им рекол да не пријавуваат во полиција, дека лесно ќе се договорат, по што избегале. Интервенирале луѓе кои поминувале со камион, двете девојки биле однесени во Градската болница каде било констатирано дека не се во животна опасност, немале скршеници на снимките, мо имаат нагмечено места по целото тело, во пределот на кичмата, рани, како и повредени зглобови на раката и на нога.

-Ќе го пратиш детето во училиште, ќе го најдеш во градска болница. Трет ден девојчето е цело искршено, не може да се движи, со болки, постојано со бруфени е, нема делче каде што не е удрена, изјави за А1он мајката на едното од повредените девојчиња.

Полицијата дошла на повик, биле пронајдени и двете момчиња на моторот и се идентификувани. Еден од нив и се заканувал да не се презема ништо против нив.

-Записникот треба да се чека 7 или 8 месеци, следната година можеби. Тогаш ќе можеме да преземеме некоја активност против сторителите. Нема увидна полиција, нема записник. Полицијката го пронашла извршителот, но никој никаква информација не ни даде само една полицајка ни кажа дека го пронашле престапникот, изјави мајката на едно од девојчињата.

Од полицијата на родителите им рекле дека двете девојчиња се движеле по патека за велосипеди, која според нив била и за мотори до 50 кубици.

Девојките, пред два дена кога се случил инцидентот, се движеле од Цементара накај хемиското училиште. Интересно е дека патеката која има сообраќаен знак за велосипеди во поголем дел е единствена патека. Над неа има патека за пешаци која по стотина метри завршува како влез во зграда, а долу на патот останува една заедничка тесна патека која е и единствен тротоар и патека за велосипед.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ