80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Од:

Во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека е измамена од едно лице за сума од 615.000 денари.

Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.

Жената подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Измама со билети вредни милион долари во познатиот Лувр

Горан Наумовски

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Тетовка измами маж, го излажа дека е бремена и му зема 18.000 евра