Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Од:

Во текот на денов се случи еден протест каде беа навредувани службите, вработените и Градоначалникот на Општината. Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани. Општина Карпош продолжува да се развива. Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош. Општина Карпош во изминатиот период интензивно работеа на создавање на услови за нови инвестиции. Градоначалникот Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра, се вели во соопштението од Општина Карпош, по денешниот протест на кој граѓаните побараа да се запре изградбата на 17-катницата кај Воена болница, а институциите да реагираат на волјата на народот.

– Оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места. Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери економисти, трговци итн. Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина. Општина Карпош како и секоја локална самоуправа во светот ќе продолжи да создава услови за нови инвестиции, а со тоа и за отворање на нови работни места. Политиката на блокада нема да не поколеба да продолжиме да се бориме со деструктивните струи и да носиме инвестиции. Општина Карпош беше лидер и ќе ја вратиме да биде Општина лидер по инвестици во Скопје, Македонија па и регионот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски