Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ објави дека е повторно бремена.
– Јас и Бастијан отсега и официјално ќе бидеме во малцинство! – изјави Ана со фотографијата.
Ана и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, имаат две деца, синовите Леон и Лука.
Еден од најпознатите спортски парови во светот се венча на 12 јули 2016 година во Венеција, по две години врска.
Брачниот пар го доби првиот син во 2018 година, а вториот една година подоцна.