Американски полицајци „уапсија“ свиња

Од:

Една свиња направи голем хаос во градчето Товншип во Мичиген.

Откако избегала, свињата шетала низ градот, влегувала по дворовите на куќите и напаѓала луѓе. Полицијата ја пронашла откако една жена го пријавила „натрапникот“.

Полицјаците ја „уапсиле“ свињата и ја сместиле на задното седиште од полицискиот автомобилот, не ни помислувајќи дека тоа може да биде лоша идеја, јави телевиизјата Си-Би-Ес Детроит.

По отворањето на вратата полициајците сфатиле дека требало на поинаков начин да ја превезат свињата. Имено, животното извршило нужда по целото седиште и го „усвињило“ автомобилот.

– Мислев дека во 25 години работа како полицаец сум видел се, а потоа ме повика шефот и рече дека имаме проблеми, свиња која прави хаос во градот, изјави заменик-шефот на локалната полициска станица, Марк Коил.

Свиња Полиција 2

Полицијата соопшти дека свињата „не правела проблеми“, се додека не ја сместиле во автомобилот. Полицијата на Фејсбук објави фотографии од задното седиште за да се уверат сите дека не претеруваат, какои снимка на „уапсената“ свиња на која изгледа како да се смее.

– Сега знаеме зошто се смеела, коментираше еден од полицајците.

Полицијата објави дека животното на крајот му е вратено на сопственикот.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он