Американка го оствари сонот од детството: Стана сирена

Од:

Американката Полин Лонг во својата 56 година реши сонот од нејзиното детство да го претвори во „реалност“ и стана сирена.

Лонг, која во детството најмногу ги сакала бајките за сирените, решила да почне да живее како жена-риба и стана вистинска атракција на еден базен во американскиот град Портланд. Таа се капи во базенот, носејќи костум на сирена, што самата го изработила.

Јас не сум вистинска сирена, но кога сега би имала шест години би била многу горда на себе. Многу е забавно и се чувствувам целосно слободно. Ако нешто не сте направиле кога сте биле дете, зошто не го направите сега? Кој вели дека не можете?, изјави Лонг.

И додека врсници на Лонг сметаат дека таа побудалела, децата се воодушевени.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он