Алехандро Ињариту го освои оскарот за најдобра режија за филмот Birdman or (The Unexpected Virtue of Ignorance) на 87-то доделување на наградите.
„Благодарен сум и на Академијата за тоа што го увиде моето достигнување. Исто така и на актерите кои го овозможија моето остварување, Ве сакам сите и ви благодарам“, рече режисерот.
Тој ги победи Ричард Линклатер за Boyhood, Бенет Милер за Foxcatcher, Вес Андерсон за The Grand Budapest Hotel и Мортен Тилдум за The Imitation Game.
Наградата му ја додели Бен Афлек.