Актерот Жарко Лаушевиќ се повредил со секира на снимање

Од:

Познатиот актер Жарко Лаушевиќ се повредил на снимање на филмот „Хероите на Халијард“, и тоа со секира, пишуваат српските медиуми.

За време на снимањето на една сцена, секирата случајно му паднала од рацете на актерот и му ја расекла ногата и вената, па веднаш му била укажана лекарска помош, пишуваат медиумите.

Сцените за филмот на режисерот Радош Бајиќ се снимале во селото Неменикуќе на планината Космај, а Лаушевиќ го продолжил снимањето со помош на колегите и соработниците, поради тоа што со денови имал силни болки во ранетата нога.

„Жарко според сценариото требаше да замавне со секирата над главата, па се до земјата. Некако се случи тој во полн замав да ја испушти и да му падне на кожниот опинок, кој е дел од неговиот костим. Иако кожата е дебела, секирата ја пресече и направи рана длабока неколку сантиметри на горниот дел од стопалото. Имаше крв на сите страни, и искрено да ви кажам, сите се исплашивме, затоа што мислевме дека раната е многу посериозна. Реагираше лекарот кој е присутен на сетот, на Жарко не му беше сеедно, но се трудеше да не паничи,“ раскажува за Блиц извор од снимањето на филмот.

„Иако Лауш не игра главна улога во овој воен филм, на Бајиќ тој му е драгоцен како голем уметник, кој поради личната трагедија, со децении беше отсутен од кинематографијата. Тој најмногу се исплаши поради неговата повреда, мислеше дека Жарко ќе има сериозни последици и дека ќе го упропасти стапалото. Но, тоа беше снимено и нема сериозни повреди, за среќа сѐ помина како што треба, а Жарко брзо се врати на сетот и продолжи со снимање,“ додава изворот.

И режисерот Радош Бајиќ се огласи по повод случајот:

„Повреди на сетот се случуваат, тоа е нормална работа. Лауш снимаше некои сцени, нешто забиваше, но ништо страшно не се случи. Имаме тим од лекари кои секогаш се со нас на снимањата и сѐ помина како што треба“, изјави режисерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски