Адријана Лима откри како „ги топи“ килограмите додека спие

Од:

Бразилската манекенка Адријана Лима (35), за која многумина сметаат дека го има едно од најубавите тела во светот, и натаму „жари и пали“ по модните писти, а на неодамна оддржаната ревија на „Викторијас Сикрет“ во Париз уште еднаш покажа дека на нејзината градба можат да и позавидат и некои многу помлади колешки.

Убавата Бразилка неодамна откри како успева да ја оддржи својата линија.

Адријана јаде шест оброци на ден, вежба исто толку пати неделно, а од многу одамна е познатата и како голем вљубеник во боксот.

Но, манекенката откри и волшебна напивка која ја пие пред спиење за согорување на килограмите.

Тоа е пијалак од леќа, која е богата со протеини, и го забрзува метаболизмот.

– Леќата  ја мешам со млеко од коноп и мед и напивката ја пијам топла или студена, зависно од расположението, откри славната убавица.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска