Девојче од градот Гејлен во американската сојузна држава Канзас покажа огромна храброст и смиреност на која би и позавиделе и многу возрасни луѓе.
Имено, Шели Портер со автомобил ја носела својата осумгодишна ќерка Ејби кон училиште, кога во еден миг и се слошило и се онесвестила. Ејби веднаш го фатила воланот и продолжила да го управува автомобилот.
Полицаецот Џими Хамилтон забележал како автомобилот „прави осумки“ на патот со брзина од 30 километри на час и помисли дека некој вози под дејство на алкохол. Но, кога се доближил до автомобилот се изненадил кога видел девојче зад воланот.
Се обидел со полициското волзило да дојде пред автомобилот и да го запре, но Ејби преминувала од една лента во друга, трудејќи се да не го удри. Тогаш полицаерот и довикнал дека мора да го удри неговото возило за да застане.
– Не ја видов да плаче, иако според изразот на нејзиното лице и тонот на гласот видов дека е преплашена, рече Хамилтон.
Тој се наместил пред Ејби, а таа удрила во неговиот автомобил и застанале. По ова стигнала брзата помош која веднаш ја оденла Шели во болница.
Малата Ејби од полицијата ќе добие плакета за храброст во ситуации опасни по живот, а и Хамилотн ќе биде награден.
– Полицаецот ја заврши совршено работата, изјави шефот на полицијата во Гејлен, Лери Делмонт.