Односот меѓу зборовите и нивното значење е фасцинантен. Лигвистите минале огромен број години реконструирајќи зборови, буква по буква за да сфатат зошто постојат толку чувства и идеи за кои не постои збор или постојат само во некои култури.
Тимот на Мапти Блог илустрираше 11 зборови кои не можат да се преведат:
1. Германски: Валдајнзамкеит
Чувство на осаменост во шума и поврзаност со природата. Ралф Валдо Емерсон дури и напишал цела песна за тоа.
2. Италијански: Кулачино
Отпечаток на маса кој останува кога ќе се тргне студена чаша
3. Инуитски: Иктсуарпок
Чувството на антиципација кое ве тера да излезете од домот и проверите дали доаѓа некој.
4. Јапонски: Комореби
Збор со кој Јапонците го опишуваат продирањето на сончевите зраци низ лисјата – игра на лисјата и сонцето.
5. Руски: Почемучка
Лице кое поставува премногу прашања
6. Шпански: Сомбремеса
Разговор со луѓето со кои заедно сме јаделе, а следува веднаш по оброкот
7. Индонезиски: Џајус
Сленг кој се користи за луѓе кои многу лошо раскажуваат вицеви, но толку се глупави што морате да се смеете.
8. Хавајски: Пана Поо
Не можете да се сетите каде сте го оставиле телефонот, паричникот или клучевите па се чешкате по глава? Тоа чешкање се вика Пана Поо.
9. Француски: Депаисемент
Чувството кога копнеете по својата татковина, а кое посебно се појавува кај мигрантите и бегалците.
10. Урду: Гоја
Збор кој го опишува неверувањето кое се појавува кога некој многу добро раскажува некоја приказна.
11. Шведски: Мангата
Збор за светлечката рефлекција на месечевата светлост на водата која изгледа како некаква патека.