Зоолошката градина со донација за Домот за деца без родители „11 Октомври“

Од:

Зоолошката градина Скопје донираше прочистувачи на воздух за штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври“.

-Зоо Скопје како општествено одговорна институција на домот за деца без родители „11 Октомври“ донираше прочистувачи на воздух. Дружбата и соработката со овие дечиња, како и со директорката на домот, Соња Стамевска продолжува и понатаму. Ветивме дека нашата институција ќе помага на сите деца. Ние сакаме децата да растат здраво и да се едуцираат. Зоолошката ќе биде секогаш отворена за нив, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Целта на донацијата, како што наведуваат од ЗОО е да ги поттикнат и другите институции да помагаат и донираат секаде каде можат.

Би можело да ве интересира

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он

Тигар избега од зоолошка градина во Мексико

А1он

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска