Тигар избега од зоолошка градина во Мексико

Од:

Бенгалски тигар избега од зоолошка градина за време на силните поплави во мексиканската држава Пуебла, соопштија властите.

Дивата мачка избега од својот кафез во зоолошката градина „Анималија“ во близина на општината Сикотепек, изјави градоначалникот Карлос Бараган.

„Тигарот чиј кафез се сруши е на слобода и тоа многу ме загрижува“, рече градоначалникот.

Агенцијата за заштита на животната средина на Мексико ги повика жителите да бидат внимателни и побара од нив да го пријават секое видување на тигарот, кој тежи околу 130 килограми.

Сикотепек е општина со околу 80.000 жители во планинскиот регион Пуебла, која е сериозно погодена од обилни дождови.

Реката Сан Маркос се излеа од своите корита и ја поплави околината, објавуваат медиумите.

Службениците претходно објавија дека околу 30 лица загинале во поплави во неколку мексикански држави.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

ВИДЕО: Бунт во затвор во Мексико, 10 жртви

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

ВИДЕО: Мексикански инфлуенсер убиен при емитување во живо

Пет тела пронајдени обесени на мост во Мексико, а пет други пронајдени покрај пат

Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени, издадено е итно предупредување 

Предраг Петровиќ