ВИДЕО: Бунт во затвор во Мексико, 10 жртви

Од:

Најмалку 10 лица загинаа, а 16 затвореници беа повредени во бунт што избувна во затвор во мексиканскиот град Мазатлан. Насилството ескалираше за време на редовните посети, соопшти Секретаријатот за јавна безбедност на сојузната држава Синалоа.

Меѓу загинатите се девет затвореници и еден цивил кој бил во посета. Повредените затвореници беа пренесени во болница.

Според локалните медиуми, затворениците во судирите користеле огнено оружје. Националната гарда интервенираше и воспостави контрола во затворскиот комплекс, во кој се сместени околу 1.800 затвореници.

Властите засега не објавија дополнителни детали за причините и околностите на бунтот.

Насилството е чест проблем во мексиканските затвори, од кои многу се пренатрупани и под силно влијание на организирани криминални групи, особено наркокартели.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

ВИДЕО: Мексикански инфлуенсер убиен при емитување во живо

Пет тела пронајдени обесени на мост во Мексико, а пет други пронајдени покрај пат

Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени, издадено е итно предупредување 

Предраг Петровиќ

Англија го победи Мексико по драмата и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство